Бројот на луѓе во Хонгконг кои живеат во станови со плоштина под четири квадратни метри е трипати поголем од официјално објавениот. Тоа се вели во истражување по барање на Владата.
Околу 171.000 луѓе – имигранти и локални жители со многу ниски примања, живеат во 66.900 такви „кутии“ понекогаш со семејството, се вели во истражувањето спроведено меѓу јануари и април.
– Околу 30.600 од тие станови немаат кујна, тоалет или вода, изјави министерот за транспорт.
Според најновите податоци на Владата, од октомври лани, во станови-кутии живеат 64.900 луѓе и наем за нив е 200 хонгкошки долари (20 евра).