Во Хонг Конг уапсен медиумскиот тајкун Џими Лај

Од:

Медиумскиот тајкун и продемократски симпатизер на Хонг Конг, Џими Лај е обвинет за измама и е затворен до судско рочиште закажано за април 2021 година, објави денеска Би-Би-Си.

Судот денеска ја отфрли кауцијата поради обвиненија дека тој незаконски ги користел просториите на неговата компанија.

Тој беше уапсен три дена откако беа уапсени истакнати продемократски активисти, а затворањето ги зголеми стравувањата од можна полициска акција против активисти и медиумски личности кои се на удар поради новиот контроверзен закон за безбедност, додава Би-Би-Си.

Кина соопшти дека новиот закон „ќе ја врати стабилноста на територијата една година по избувнувањето на немирите“, но критичарите велат дека законот „има за цел да ги замолчи неистомислениците“.

Рај во 2008 година имал богатство од 1,2 милијарди долари, а во 2020 година тоа изнесува помалку од милијарда долари.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше