На студентите и учениците во Хонг Конг во иднина им се забранува да се вклучат во политички активности во образовните институции.
Пакетот забрани исто така се однесува и на забрана за пеење, истакнување пароли или бојкотирање часови, соопшти Министерството за образование на оваа автономна територија.
Во минатогодишните протести во Хонг Конг беа вклучени илјадници малолетни лица, а 1.600 беа уапсени за учество во насилни протести.
Истиот ден кога беше отворена канцеларијата за национална безбедност во Хонг Конг, голем број малолетни ученици изразија поддршка за антикинески демонстрации со фрлање на националното знаме и пеење на забранетата песна „Слава на Хонг Конг“.