Демонстранти во Хондурас запалија и ограбија околу 30 бродски контејнери со логото на компанијата „Дол фуд“, што е втор напад врз симболите на американските сили во оваа централноамериканска држава.
Протестите против претседателот Хуан Орландо, кој е сојузник на Америка, во изминатите недели се проширија поради планираните реформи кои, како што сметаат, ќе водат кон приватизација на јавните служби.
Во руралниот дел на Хондурас вчера е нападнат конвој, а во петокот на приодот кон капијата на американската Амбасада во главниот град Тегуцигалпа демонстрантите полиле со бензин и запалиле десетина гуми.