Во Холандија уапсени двајца осомничени за поврзаност со нападите во Париз и Брисел

Од:

Холандската полиција денеска уапси две лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со нападите во Париз, лани во ноември, и во Брисел, во март годинава, јави ДПА.

Како што соопшти Јавното обвинителство од холандскиот град Ротердам, двете лица се уапсени затоа што отпечатоци од нивните прсти се откриени на торба со муниција пронајдена во домот на еден од соучесниците во нападите, Французинот Анис Б.

Двајцата уапсени, на возраст од 30 и 32 години, се осомничени дека ја обезбедиле муницијата за извршување на двата терористички напади. 

Анис Б. беше уапсен по претресот на неговиот стан во Ротердам во март годинава, по што подоцна Холандија им го предаде на француските власти, кои го сомничат за вмешаност во ноемвриските напади во Париз, при кои загинаа 149 лица.

Тој исто така е осомничен и за вмешаност во нападите на аеродромот и една метро станица во Брисел на 22 март годинава, кога загинаа над 30 лица.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи