Голем број Холанѓани вчера направија редови пред кофишоповите, каде се купува марихуана, со цел да обезбедат резерви пред да се затворат и тие продавници поради итните владини мерки за борба против пандемијата со Ковид-19.
The Dutch government just announced that all coffeeshops will be closed too in the fight against coronavirus. Here’s a little line in front of one in Utrecht ?#coronavirusnetherlands #COVID19NLpic.twitter.com/MQoVoBamAY
— DutchReview (@Dutchreviewing) March 15, 2020
Холандската Влада вчера во 18 часот нареди затворање на сите ресторани, барови, кафулиња, фитнес центри, сауни, бордели и кофишопови.
Редици пред кофишоповите имаше и во другите холандски градови Бреде, Нијмеген и Утрехт.
„Во некои држави луѓето купуваат тоалет хартија, во Холандија луѓето купуваат марихуана. Приоритети“, напиша корисничка на својот твитер профил.