Во Холандија, првата недела од април, регистрирани се околу 2.000 смртни случаи повеќе отколку во вообичаени околности, покажуваат податоците на владините институции што ги добиваат од Заводот на статистика на Холандија.
Според тие податоци, за една недела, заклучно со 5 април, во Холандија починале 5.100 лица, додека во истиот период лани тој број изнесувал 3.200 лица.
Исто така, на почетокот на 2020 година, пред да биде регистриран првиот случај на заразен со Ковид-19 во Холандија, за една недела починале 3.100 луѓе.
Според податоците на Ворлдметер, 21.762 лица се заразени со коронавирус во Холандија, а 2.396 починале.