Во Холандија почна судски процес поради скандалот со затруените јајца

Од:

Пред Суд во холандскиот град Зволе денеска започна судски процес против двајца Холанѓани обвинети во врска со скандалот со продажба на затруени јајца во неколку европски држави.

Судот соопшти дека процесот против двајцата мажи, идентификувани како 31-годишниот Мартин ван де Б. и 24-годишниот Матијс И., се одвивал зад затворени врати.

– Судијата оцени дека има доволно сомнежи тие да бидат задржани во притовор, се наведува во соопштението.

Двајцата обвинети, кои се уапсени минатиот четврток, се товарат за загрозување на јавното здравје со употреба на штетни супстанции.

Скандалот избувна минатата недела откако во јајца што се наоѓаа во продажба, беше откриен инсектицид штетен по здравјето на луѓето.

Обвинетите се раководители во холандската компанија „Чик Фринд“, која е осомничена дека за претирање на живината против вошки користела средство кое соджело фипронил. Компанијата соопшти дека средството против вошките го набавила од белгиска фирма. Утврдено е дека истите препарати им биле продавани и на фарми во Белгија и Германија.

Поради овој скандал, во неколку европски држави беа уништени милиони јајца, со што е предизвикана штета од десетици милиони евра.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи