Во Холандија откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога во историјата

Од:

На југот на Холандија, полицијата ја откри најголемата и најпрофесионалната нелегална лабораторија за производство на синтетичка дрога метамфетамин, откриена досега во земјата. Според полицискиот извештај, дешифрирањето на пораките од шифриран разговор им помогнало на органите на прогонот да стигнат до криминалците.

Лабораторијата за наркотици е сместена во два магацини лоцирани во близина на селото Недерверт во провинцијата Лимбург. Има капацитет да произведува до 100 кг метамфетамини дневно. Приходите од прометот на таков обем може да достигнат еден милион евра.

На самото место е приведен 62-годишен полски државјанин. Полицијата не исклучува дека во блиска иднина може да има и други притвори.

Поради нејзината големина, демонтажата на лабораторијата се очекува да заврши во наредните денови. Се уште не е познато кога почнала да работи илегалната лабораторија.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација