Во германскиот град Хале има најависок водостој во последните 400 години

Од:

Поплавите пустошат низ Германија и во градот Хале, на реката Зале, втората по големина притока на Лаба, денеска е измерен водостој од над осум метри, што е највисоко ниво во последните 400 години, соопшти градската управа.

Нивото на германските реки и натаму расте, навистина нешто побавно отколку во претходните денови, а евакуацијата на луѓе, пробивање на браните, поплавување на куќите и градските јадра се секојдневие. Германските политичари, на 100 дена пред изборите, ветуваат финансиска поддршка, а помош вети и Европската унија.

Во Дрезден, историскиот град со бујна убавина и бурно минато, се уште е рано за одморање, бидејќи водата се уште расте, иако нешто побавно.

Нивото на Лаба достигна 8,05 метри, додека нормалната височина на оваа моќна река, која во најголем дел тече низ Германија до сливот во Северно море, е околу два метра.

Силите за вонредни ситуации ја подготвуваат натамошната евакуација на населението, изјави портпаролката на градот Дрезден, во кој, од превентивни причини, на пооделни линии од градскиот превоз е исклучена струјата.

Особено критична е ситуацијата во Десау, на реката Мулде, и тука, како и во Хале, во сила е виско ниво на опасност.

Германската канцеларка Ангела Меркел, при обиколката на поплавените подрачја, прво го посети Пасау, каде ситуацијата беше најкритична и вети 100 милиони евра помош, како и итна поддршка на погодените региони на југот и истокот на земјата.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени