Во Германија запленети 2,9 тони хемикалии за производство на синтетички дроги

Од:

Германските власти запленија 2,9 тони хемикалии што се користат во производството на синтетички дроги метамфетамини и притоа во Германија и Чешка се уапсени 15 лица, соопшти денеска канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција.

Запленетиот ефедрин може да се употреби за производство на 2,3 тони метамфетамини, чија вредност во уличната продажба достигнува 184 милиони евра, пренесоа американските медиуми.

Седуммина осомничени припадници на нарко бандата и осомничениот купувач се уапсени во Лајпциг, додека чешките власти ги уапсиле другите сеуммина осомничени и притоа заплениле пари и оружје. 

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија