Во Германија запленети 250 пиштоли од симпатизер на екстремната десница

Од:

Германската полиција денеска соопшти дека запленила околу 250 парчиња огнено оружје и неколку илјади куршуми од човек за кој се претпоставува дека е симпатизер на крајната десница.

Полицијата во северозападната држава Долна Саксонија соопшти дека оружјето е пронајдено во областа јужно од Хамбург, при синоќешниот претрес.

Во полициското соопштение се наведува дека истражителите сметаат дека човекот има десничарски симпатии „поради целокупните околности“. Во интерес на истрагата, не се дадени детали зошто мажот поседувал огнено оружје.

Екстремно десничарското насилство предизвикува голема загриженост во Германија во последните неколку години.

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува