Во Германија покрената тужба поради производство на биолошко оружје

Од:

Федералните обвинители во Германија денеска поднесоа тужба против 30-годишен Тунижанец и неговата 43-годишна сопруга Германка поради производство на биолошко оружје со кое требало да извршат напад во Германија.

Обвинителството соопшти дека Сиеф Алах Х. и Јасмин Х. биле следбеници на идеологијата на екстремистичката група Исламска држава, и оти купиле повеќе илјади семиња рицинус и развиле отров рицин за да извршат напад на едно јавно место во Германија.

Тие исто така претвориле огномет во експлозив.

Сиеф Алах Х. два пати безуспешно се обидел да отпатува во Сирија во 2017 година за да се приклучи на Исламска држава.

Тој и неговата сопруга биле уапсени во 2018 година во нивниот стан во Келн, каде иследниците пронашле семиња рицинус и рицин заедно со компоненти за изработка на бомби.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите