Во Германија формирана евроскептична партија

Од:

Шест месеци пред парламентарните избори во Германија, во франкфуртското предградие Оберурзел се собраа над 1.200 лица на првиот форум на новата евроспектична партија, која се појави како последица на незадоволството на мнозинството Германци од плановите за спасување на еврозоната.

Првиот официјален конгрес на партијата Алтернатива за Германија ќе се одржи во април во Берлин. Основачите на партијата сакаат што поскоро да ја организираат со цел да учествуваат на парламентарните избори во септември и да се обидат да и стават препреки на канцеларката Ангела Меркел, која засега има солидна поддршка меѓу избирачите.

– Сметаме дека канцеларката Меркел греши, со тоа што вели дека нема алтернатива на плановите за помош на партнерите во тешка положба, изјави на форумот еден од основачите на Алтернатива за Германија, Конрад Адам, поранешен коментатор на конзервативните весници „Франкфуртер Алгемајне“ и „Велт“. Меѓу основачите на партијата се и повеќе професори и економисти.

– Нашите елити се обидуваат да го сакрализираат еврото. Тоа е обид да се прецени нешто, што не функционира ниту политички, ниту економски, изјави Александар Гауланд, поранешен регионален државен секретар и публицист.

Резултатите од анкета, кои беа објавени вчера од неделникот „Фокус“ покажуваат дека еден од четири Германци може да гласа за партија, која бара Германија да се откаже од еврото.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија