Во Франција за 24 часа запленети приближно 15 тони цигари

Од:

За 24 часа во две одделни акции на француската царина откриени се и заплени се приближно 15 тони цигари, соопшти денеска царината.

Како што јави дописникот на МИА, во првата акција на 14 февруари откриени се 380.000 пакети цигари или 7,6 тони во камион регистриран во Романија, кој превезувал хартија. Возачот е осуден за поседување произведен тутун без валидни документи и е осуден на условна затворска казна од 10 месеци и парична казна од 500.000 евра.

Следниот ден, на 15 февруари во јужна Франција откриени и запленети се 360.000 пакети цигари или 7,2 тони во камион што превезувал портокали.

– По 2021 година, обележана со историска заплена на повеќе од 400 тони тутун, овие две големи заплени докажуваат дека царинските службеници продолжуваат со борбата против шверцот со тутун, што претставува загуба од повеќе од седум милиони евра за криминалните организации кои го снабдуваат паралелниот пазар за недозволена препродажба на тутун. Потсетувам дека само овластените продавачи на тутун се овластени да продаваат произведен тутун во малопродажба, изјави, изјави францускиот министер за јавни финансии, Оливие Дусопт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата