Во Франција регистриран првиот случај на новиот вирус сличен на САРС

Од:

Франција го регистрира првиот случај на новиот вид на коронавирус (вирус што наликува на тешкиот акутен респираторен синдром САРС), пренесен од Блискиот исток, кај лице кое неодамна се вратило од Обединетите Арапски Емирати, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерството соопшти дека е покрената истрага поврзана со тоа што се нарекува прв и единствен потврден случај на новиот вирус во Франција, пренесоа агенциите.

Пациентот е ставен во изолација. Низ светот се забележени 30 лабораториски потврдени случаи на овој вирус, вклучувајќи ги и 18-те смртни случаи, од септември кога вирусот го предизвика вниманието на научниците, соопшти Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски