Во Франција се приведени двајца мажи кои планирале терористички напади за време на божиќните празници, јави телевизијата БФМТВ.
Според извори од истрагата, тие планирале да убиваат минувачи со нож на најпосетените места, се вели во соопштението.
Двајцата мажи, на возраст од 23 години, биле приведени на 29 ноември во Ил-де-Франс.
На 3 декември тие биле обвинети и приведени во рамките на прелиминарна истрага што ја почна антитерористичкото обвинителство.