Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

Од:

Во Франција е откриен првиот случај на нова варијанта на мајмунска сипаница, соопшти француското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека пациентката од Бретања, која била заразена со мајмунски сипаници, не патувала во Централна Африка, од каде потекнува новата форма на вирусот на мајмунски сипаници, туку била во контакт со две лица кои се вратиле од тој регион.

Министерството посочува дека здравствените власти го истражуваат изворот на инфекцијата и работат на пронаоѓање на сите потенцијални контакти, пренесе Ројтерс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција