Во Франција организираат солидарни акции за помош на Украинците

Од:

Хуманитарни и верски, политички, економски органзиации во Франција повикуваат за помош на Украина, јави дописникот на МИА. Во Франција има украинска заедница која е околу 175.00 лица.

Невладината организација Charity Medical Aid France-Ukraine (AMC) објави повик за донации на својата Фејсбук страница. Според информации на париски „Либерасион“, здружението се подготвува да испрати прв хуманитарен конвој во Украина.

Се зголемуваат повиците за мобилизација, во Париз каде што се планирани две демонстрации за денеска и низ Франција (Анже, Ле Ман, Нант, Сен Назер, Лимож).

Во Нанси вчера, на плоштадот Станислас (полски крал, роден во денешна Украина во Лавив), градоначалникот Матјо Клајн, заедно со претседателката на департманот изразија подготвеност да примат бегалци од Украина и за што веќе побараат да се направи преглед на расположливи станови.

На дипломатско ниво, 116 европски личности упатија апел во светот „официјално да ја признае Украина како земја кандидат за ЕУ“, како увертира за отворање на пристапните преговори. Меѓу потписниците на овој апел, на иницијатива на Арно Кастање, член на Институтот за отворена дипломатија, се потпретседателот на Европската комисија, Естонецот Ансип Андрус, поранешниот европратеник Даниел Кон-Бендит, францускиот европратеник Рафаел Глуксман, феминистичката активистка Ина Шевченко и поранешниот министер за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус.

Според Лес Екхо, донациите на биткоини се зголемуваат за да и помогнат на украинската армија. Така, еквивалент од 4 милиони долари во биткоини собрала украинската невладина организација Come Back Alive во периодот од четврток до петок доцна наутро. Основана во 2014 година, оваа организација обезбедува воена опрема, медицинска опрема и обука на украинските војници.

Францускиот телефонски оператор Фрее објави дека „одлучил да ја намали цената на комуникациите со Украина на 0,21 евро / мин“

Соочени со руската инвазија, група директори на културни места во Франција се мобилизираа и понудија да ги пречекаат украинските уметници кои се принудени да побегнат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата