Во Франција нападнати кинески студенти

Од:

Шест кинески студенти се нападнати во стан, во регионот на Бордо, Франција, а еден од нив е потешко повреден.

Инцидентот се случил кога три лица под дејство на алкохол, со расистички навреди насилно влегле во станот каде што претстојувале кинезите и нападнале еден од нив, пренесе „Би би си“.

Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс го осуди „ксенофобичниот напад“ кој предизвика масовни критики на најпопуларната кинеска социјална мрежа Веибо, со предлози кинескиот народ да не ја посетува таа држава.

Две лица во алкохолизирана состојба се приведени по напад на Кинескиња, која што е повредена со стаклено шише, соопшти француската полиција.

Еден очевидец наведува дека нападот е поврзан со откупот на плантажите со винова лоза, кои што кинеските инвеститори ги откупија во регионот на Бордо.

Нападнатите студенти во Франција претстојувале поради студии, наведе „Би би си“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Франција: Ако Северна Кореја испрати војници во војна, тоа е сериозна ескалација

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили