Протерувањето на Ромите од ромските диви населби се одвиваа во „страшни“ услови, вели францускиот огранок на Амнести интернeшнл, јави дописникот на МИА од Париз.
Во 2014 година биле протерани 13.500 Роми од нивните живеалишта, најчесто диви населби, во 2013 година нивниот број беше 19.380 вели Женевиев Гариго претседателка на Амнести Франс.
Таа притоа се повикува на бројките дадени од Лигата за човекови права и Европскиот центар за правата на Ромите.
Во однос на Ромите, внатрешната одреба од 26 август 2012, ги обврзуваше властите да ги придружуваат демонтирањата на дивите ромски населби, да се направи претходно проценка и да им се понуди друго сместување, според невладините организации „се спроведува се помалку и помалку“.