Во Европа има нов бран на модерен тероризам, смета германскиот „Маршалов фонд“

Од:

Европа е местото каде најверојатно ќе се одигра новиот бран модерен тероризам  и тука трансатлантската антитерористичка стратегија ќе биде ставена на тест, се наведува во анализата на германскиот „Маршалов фонд“.

Последните драматични терористички напади во Франција и антитерористичките операции во Белгија и другите европски држави Европа ја ставија во центарот на терористичките случувања, што и не е некој нов феномен.

Неколку клучни промени во природата на тероризмот произлегоа во Европа, иако најголемиот дел од глобалниот тероризам се случува на некое друго место.

Тоа, како што се  истакнува во анализата, треба да го имаат на ум креаторите на политиката од двете страни на Атлантикот кои инсистираат да се изборат со последната еволуција на терористичка закана.

Првиот бран на тероризам во Европа (од 1960-тите до 1980-тите, а на некои места и 1990-тите и потоа) го карактеризираат идеолошки мотивираните помали групи, главно од екстремната левица, на кои цел им беа владите и поединците и тие беа закана за стабилноста на општествата ширум континентот.

Меѓу тие групи беа „Црвените бригади“ во Италија, „17 ноември“ во Грција, бандата „Бадер-Мајнхоф“ во Германија.

Во тој прв бран, во рамки на тактиката на националните ослободителни движења, имаше убиства, експлозии и киднапирања. Напаѓачите по потекло беа од Блискиот исток, а Европа беше погодно место за овој тип тероризам, од Олимписките игри во Минхен до нападот на аеродромот во Рим.

Исто така, самата Европа имаше тероризам од овој  вид во ИРА (Ирска републиканска армија), ЕТА (Баскиската татковина и слобода) и ПКК (Курдската работничка партија).

Вториот бран модерен тероризам се гледа во серијата засилени терористички напади што доведоа до нападите врз САД, на 11 септември 2001 година.

Главните карактеристики на тој нов облик на тероризам вклучуваше зголемен број погинати, верска мотивираност, вмреженост  на организацијата и голема застапеност на приватни спонзори.

Коренот на таквиот вид тероризам се наоѓа на Блискиот исток, но оперативната димензија е длабоко вкоренета во Европа.

На крајот, третата фаза на тероризмот својот центар на гравитација го има во Европа, а амалгамот се исламскиот екстремизам, културното отуѓување и нихилистичкото насилство, се истакнува во анализата.

Слабо интегрираната муслиманска заедница и близината на конфликтите во северна Африка и на истокот се клучниот елемент во оваа равенка.

Во следната деценија предизвик за ЕУ и НАТО ќе биде отворениот хаос во јужна  Европа, која економски и политички е во проблеми. Јужна   Европа, посебно, е изложена на потенцијалниот тероризам на краевите од популистичките движења од десна и лева ориентација, поттикната од ксенофобија, отпор кон мерките за штедење или националистичкиот бес.

САД имаат директен интерес во борбата против третиот бран тероризам во Европа, а стратегијата на НАТО веројатно ќе биде на тест во и околу Европа што се однесува до терористичките предизвици, заклучено е во анализата на германскиот „Маршалов фонд“.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија