Еквадорската полиција на аеродромот во градот Гвајкил заплени 1,5 тони кокаин, кои биле скриени во пакети со чоколада во прав превидени за извоз во Европа.
– Овие 1.500 килограми кокаин, скриени во чоколадни производи, требаше да бидат испратени во Австрија, соопшти еквадорската полиција.
Од почетокот на годината, како што јави МИА, властите на Еквадор запленија околку девет тони наркотици, пред се кокаин и марихуана.