Во Еквадор се оддржуваат претседателски и парламентарни избори

Од:

Во Еквадор денеска се оддржуваат претседателски и парламентарни избори на кои најголеми шанси за победа има актуелниот претседател Рафаел Кореа, јавија агенциите.

Резултатите на трите најнови анкети покажуваат дека Кореа, кој прв пат дојде на власт во 2007 година, со поддршката меѓу 48,2 и 61,5 отсто , е во значителна предност во однос на најблискиот ривал, банкарот Гиљермо Ласа.

Тоа на харизматичниот економист, кој своето образование го има стекнато во САД,  ќе му овозможи уште во првиот круг од изборите да добие уште еден четигригодишен мандат и неговата партија можеби да добие мнозинство во еквадорскиот Конгрес.

-Нему му е потребно сигурно, цврсто и послушно мнозинство. Тој сега има проблеми затоа што нема мнозинство во собранието и мора да склучува сојузи, изјави политичкиот аналитичар Симон Пачано.

Кореа (49), еден од најгласните застапници на латиноамериканската левица, во четвртокот го искористи завршиниот предизборен собир за да апелира до приврзениците „да ги поразат заверениците на изборите и револуцијата на граѓаните да ја направат неповратна“.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници