Во Египет осум џихадисти осудени на смрт со бесење

Од:

Египетскиот суд изрече вчера смртни казни за осуммина џихадисти, откако ги прогласи за виновни за насилство против силите за безбедност и припадност кон групи кои поттикнуваат тероризам, соопшти судски претставник.

– Кривичниот суд во Загазиг осуди осуммина џихадисти на смрт со бесење, откако ги прогласи за виновни за припадност кон сунитската екстремистичка група такфира, рече тој.

Осудените се товарат и за „поттикнување тероризам и насилство, како и за планирање убиства на припадници на војската и на полицијата“.

На петмина од осуммината осудени, им е судено во отсуство.

Египетските сили за безбедност чест беа мета на напади, особено на Синај, по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува