Во Египет киднапиран хрватски државјанин

Од:

Непознати напаѓачи киднапираа во Египет хрватски државјанин кој во таа држава работел за француска компанија, објави денеска хрватското МНР. Тоа е прво киднапирање хрватски државјанин во странска земја.

Т.С. (32) бил киднапиран на 22 јули на подрачје на Каиро додека возел со автомобил кон компанијата каде работел. Неговиот автомобил го запрела вооружена група која го однела во непознат правец.

Хрватски медиуми јавуваат дека властите во Загреб досега не добиле барање за откупнина.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар

Со церемонија пред Собранието Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор

Фрлена бомба во куќата на познат хрватски фудбалски менаџер

Уапсен e пратеникот Јосип Дабро

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца