Во Егејското Море пронајдени остатоци од 58 потопени бродови

Од:

Археолози во Грција пронајдоа остатоци од 58 потопени бродови со многу антиквитети, што претставува најголемо откритие во Егејското Море.

Остатоците од бродовите се пронајдени во близина на островите Фурни во источниот дел на Егејското Море, а потекнуваат од различни временски периоди – грчки, римски и византиски.

Подводните истражувања ги спроведе меѓународен тим кој во 2015 година прво пронајде остатоци од 25 бродови, подоцна оваа бројка се искачи на 58, а археолозите веруваат дека на дното од морето се уште има други кои не се откриени.

Во остатоците од бродовите се пронајдени над 300 предмети, од кои најмногу има амфори што се користеле за транспорт на вино, масло или мед.

Експертите големиот број на потопени бродови токму во овој дел на Егејското Море го објаснуваат со силните ветришта што тука ги има за време на бурите, како и со каменестиот брег на островите Фурни.

Би можело да ве интересира

Поморски беспилотни летала погодија осум бродови на Црноморската флота на Русија

Драматично во Хрватска: Пожар зафати пет бродови, има и повредени

Горан Наумовски

Украина: На Путин му останаа само седум бродови на Црното Море

Горан Наумовски

Шест бродови со жито ги напуштија пристаништата во Украина откако Русија повторно се приклучи на договорот

Бродовите на „Маерск“ ќе пловат побавно за да заштедат гориво

А1он

Руската Црноморска флота назначи нов командант