Во еден ден обесени 12 затвореници во Пакистан

Од:

Во Пакистан денеска се обесени 12 затвореници, што е најголемата бројка на луѓе погубени во еден ден откако во декември беше укинат неофицијалниот мораториум врз смртната казна, соопшти пакистанското Министерство за внатрешни работи.

– Не станува збор само за терористи, бидејќи меѓу нив имаше и луѓе осудени и за други злосторства. Некои од нив се убијци, а некои сториле други гнасни злосторства, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи, додавајќи дека тие се погубени во различни затвори.

Пакистанскиот премиер, Наваз Шариф, на 17 декември де факто го укина мораториумот на смртната казна, еден ден откако талибанците нападнаа училиште и убија 132 ученици и девет учители.

Владата по овој масакр се најде под притисок да стори многу повеќе во борбата против исламистичките бунтовници.

Од тогаш се обесени 27 лица, од кои повеќето биле екстремисти, но минатата недела беше обелоденето дека властите тивко го прошириле погубувањето и врз сите затвореници осудени на смрт,а чии жалби се одбиени, наведуваат британските медиуми.

Мораториумот за извршување на смртната казна беше во сила од 2008 година,откако демократска Влада ја презеде власта од воената хунта.

Организациите за човекови права велат дека мноштво пресуди во Пакистан се многу дискутабилни.

Застарениот правосуден систем во земјата едвај функционира, тортурата често пати се користи за изнудување признанија, а полицијата најчесто не е обучена за спроведување истраги, тврдат организациите за човекови права.

Во Пакистан на извршување смртни казни чекаат повеќе од 8.000 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица