Во Џенова отворен мост две години по трагедијата во која загинаа 43 лица

Од:

Две години по трагичното уривање на мостот во Џенова, кога загинаа 43 лица, италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва официјално отвори нов мост во пристанишниот град со сечење лента со боите на италијанското знаме.

Церемонијата почна со читање на имињата на 43 лица кои загинаа во несреќата што се случи на 14.08.2018 година, проследена со триминутно молчење.

Пред отворањето на новиот мост во 18:30 часот почна силен дожд и со грмотевици потсети на невремето што ја зафати Џенова на денот на несреќата кога се урна стариот мост.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте, како и други високи функционери присуствуваа на инаугурацијата на новиот мост „Сан Џорџо“ кој го дизајнираше познатиот архитект Ренцо Пјано од Џенова.

Во својот говор на церемонијата, Конте истакна дека Италија, „и покрај стереотипите, знае како да стане и повторно да се придвижи“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа