Во двомесечните борби во Кобане загинале над 1.100 лица

Од:

Над 1.100 лица загинаа во двомесечните борби во сирискиот град Кобане, јави денеска телевизискиот канал Скај њуз – Арабија, претставувајќи ги податоците изнесени од регионалните набљудувачи.

Повеќето од убиените се борци на џихадистичката групација Исламска држава, која не се откажува од обидите да го заземе градот, кој се наоѓа на границата со Турција.

Од почетокот на џихадистичката инвазија на 16 септември загинале над 700 екстремисти.

Жесток отпор на џихадистите им пружаат курдските сили за самоодбрана, на кои изминатиот период активно почнаа да им помагаат борци од курдската формација „пешмерга“ од Ирак. Силите на Курдите загубиле околу 400 борци.

Според податоците на Сирискиот центар за набљудување на човековите права, од 16 септември во Кобане загинале 1.153 лица, од кои 712 се џихадисти од ИД, 398 се курдски борци, 27 се курдски цивили и 16 се бунтовници од Сириската слободна армија.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години