Неидентификувани вооружени напаѓачи убија 38 луѓе во две села во сојузната држава Кадун во северниот дел на Нигерија.
– Нападите се случија минатата ноќ во села во областите Фадан Карши и Нанду, потврди вечерва претставник на локалната власт Емануел Адам Данзари.
Тој посочи дека во Карши убиени се 21 лица, а во Нанду 17. Поголемиот број од жртвите се жени и деца.
Во нигериската сојузна држава Канду градовите се верски поделени, каде е интензивирано насилството меѓу христијаните и муслиманите, додека во руралните области насилството е предизвикано од поделбата на земјата меѓу селаните и номадските племиња.