Најмалку 55 лица загинаа, а 107 се повредени во две експлозии на североистокот на Нигерија, соопштија властите.
Во експлозијата на бомба кај новоотворената џамија во петокот во Јола, на североистокот на Нигерија, загинаа 27 лица, додека 96 се повредени.
Нигерискиот претставник Саад Бело, изјави дека повредените се наоѓаат во болница, каде што им е пружена лекарска помош и оти не може да каже со сигурност дали станува збор за самоубиствен напад.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.