Во два напада на ФАРК убиени 16 колумбиски војници

Од:

Шеснаесет колумбиски војници биле убиени во два напада на левичарската бунтовничка група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), соопштија локалните медиуми.

Нападите се извршени откако во петокот бунтовниците времено се повлекоа од мировните преговори со Владата во кубанскиот главен град Хавана, со цел да го разгледаат предлогот на властите за одржување референдум, кој би го одобрил евентуалниот мировен договор. Речиси веднаш потоа ФАРК изрази подготвеност денеска да се врати на преговарачката маса.

Во првиот напад во саботата, во североисточната област Араука, околу 30-тина војници влегле да се одморат во една куќа каде веќе биле поставени бомби, при што од експлозиите загинале 14, а повредени се деветмина. Колумбиската војска возвратила на нападот, при што биле убиени двајца бунтовници.

Вториот напад се случил вчера во југозападната област Каука, во кој загинале двајца војници, а други тројца биле повредени.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски