Во четири напади во Ирак загинаа 22 лица

Од:

Најмалку 22 лица загинаа, a над 75 се ранети во четири бомбашки напади на повеќе локации северно од Багдад, соопштија денеска полициски и локални официјални претставници.

Во два града северно од Ирак утрово речиси истовремено експлодирале три автомобил- бомби, при што загинале 15 лица, додека повеќе од 50 се повредени.

Еден од нападите е извршен во шиитскиот град Џадидату ал Шат, во провинцијата Дијала, кој се наоѓа во близина на градот Бакуба, кој се смета за еден од најнебезбедните места.

Уште еден автомобил-бомба експлодирал попладнето на еден пазар за риба во предградие на Багдад, а во овој инцидент загинале седум луѓе, додека 25 се повредени.

Засега никој не презеде одговорност за нападите, но некои официјални претставници обвинија дека тие се дело на сунитските исламисти.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија