Во Чешка, се забележани сомнителни финансиски трансакции на исламисти од странство кои со парични средства ги поддржуваат радикалите, или се врши пренасочување на финансии во арапските земји.
Ова, како што пишува порталот „Чешка правда“ се тврди во Извештајот за работата на тајните служби, кој ќе биде разгледуван од чешката Влада, јави дописникот на МИА од Прага.
Според достапните информации, на владината седница ќе бидат предложени измени кои се однесуваат на обезбедување на поголема комуникација на државната Безбедносно – информативна служба (БИС) со даночната администрација и банките.
Во Извештајот се споменуваат разни случаи на сомнителни трансфери на пари меѓу странци.
Чешката тајна служба испитувала и случај на лице кое живее во Чешка и кое може да се смета за исламски фундаменталист. Сите повеќе или помалку редовни финансиски приходи на лицето потекнувале од арапските земји и се користеле за финансирање на верски активности, наведува порталот.