Во Чешка воведен нов систем на предупредување од тероризам

Од:

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка најави воведување на нов четиристепен систем за предупредување пред тероризмот, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Соботка, дефинираниот размер ќе ја олесни комуникацијата со јавноста, а одделните степени ризичност ќе бидат проследени со конкретни акции од страна на безбедносните сили, кои нема да бидат јавно објавувани за да не можат да се подготвуваат терористите.

Најнискиот степен на загрозување ќе биде означен со нула и претставува идеален став, при што се тврди дека нема никаква опасност на чешка територија.

Првата фаза ќе биде означена со жолт триаголник, кој предупредува на постоење на општо загрозување од тероризмот.

Со портокалов триаголник ќе се обележува вториот степен на опасност од тероризам, што значи зголемена веројатност од загрозување.

Третиот степен претставува црвен триаголник и означува воведување висок степен на претпазливост, при што тероритички напад веќе се случил или се очекува со голема веројатност.

Зголемувањето на степенот на опасност ќе го врши министерот за внатрешни работи, а во рок од една недела Владата ќе ја одобри или поништи неговата одлука.

Опозицијата ги критикуваше наведените мерки, оценувајќи дека не се предложени конкретни претпазливи чекори кои би соодветствувале на безбедносните степени.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница