Во некои региони на јужна и северна Чешка денеска падна снег и се формираше снежна покривка до 15 сантиметри.
Се очекува снег да паѓа и следните неколку дена во региони со над 500 метри надморска височина, велат метеоролозите.
Снежна покривка од седум до 15 сантиметри се формираше во Националниот парк Шумава во јужна Чешка. На Карконошите, најголемите чешки планини, кои се наоѓаат во северниот дел на земјата има снежна покривка од десет сантиметри.
Во планинските предели температурата падна до минус седум степени Целзиусови. Во Прага изутрината беа измерени нула степени.