Вработени во лабораторијата „Елизабет Фармакон“ во чешкиот град Брно откриле претходно нерегистрирана мутација на коронавирусот. Ова на Твитер го објави шефот на лабораторијата, познатиот чешки епидемиолог Омар Шери.
Naše laboratoř díky sekvenování vzorků pacientů s infekcí SARS-CoV-2 objevila zatím nepopsanou mutaci Spike proteinu – model na obrázku s mutací vyznačenou černými body. Naštěstí je mutace v pozici, která by neměla ovlivňovat vazbu protilátek ani buněčných receptorů. pic.twitter.com/pi5alHpZ8v
— O Šerý (@omarsery1) March 28, 2021
– Тоа е мутација на … карактеристичен протеин што се појавува на површината на вирусот САРС-КоВ-2. За него се насочени вакцините кои се користат денес, изјави Шери.
Според експертот, новата мутација на коронавирусот не е поопасна од британската варијанта која се шири во земјата.
Моментно во Чешка со население од 10 милиони жители, 173.500 луѓе се заразени со коронавирусот, од кои 7.300 се хоспитализирани. Од почетокот на епидемијата, околу 1.515.000 луѓе се разболеле во земјата, 1.315.000 се излекувале и 25.800 пациенти починале.