Не се потврди сомнежот за заболеност од смртоносната инфекција МЕРС која постоеше кај едно лице и поради кого беа ставени во карантин уште околу 30 луѓе, изјави првиот човек на Чешкиот Завод за јавно здравје Владимир Валента.
33-годишниот туристички водич кој пред извесно време престојувал во Јужна Кореја и понатаму ќе биде под лекарска контрола, а другите патници кои со него патувале во Полска кога му се влошила здравствената состојба и кои беа во карантин ќе можат да си заминат дома.
Според Валента, мерките кои се преземаат поради коронарниот вирус МЕРС се соодветни и на аеродромите се информираат патниците со помош на летоци.
Мажот беше хоспитализиран во болница Прага поради висока температура и болки во грлото и поради сомнеж за МЕРС беше изолиран во специјален оддел.
Инфекцијата МЕРС се појави во 2012 година и од тогаш над 1.500 лица се заболени, а една третина од нив починаа.
Извор: Мета