Во Чешка масовни протести: Русија сака да не уништи, ќе ги употреби сите средства

Од:

Во последните месеци низ Чешка се одржуваат масовни протести против владата. Многу чешки функционери сметаат дека Москва стои зад нив.

На еден од најголемите собири во Прага на 3 септември, околу 70.000 луѓе се собраа да побараат предвремени избори.

Лидерите на протестот побараа чешката влада да престане да испраќа оружје во Украина, да ги укине санкциите против Русија со цел да ги олесни преговорите со Москва за продолжување на евтините енергенси и да иницира барање за напуштање на ЕУ и НАТО. Тие, исто така, побараа прекин на поддршката за 350.000 украински бегалци кои се примени во Чешка од почетокот на инвазијата во февруари.

Ова се сите главни наративи на Кремљ, предупредуваат чешките власти.

– Москва помогна да ги поттикне неодамнешните масовни протести во Прага поради зголемената инфлација и потенцијалниот недостиг на енергија. Опасноста од немири ја принуди владата на централно-десничарската земја, членка на ЕУ и НАТО, да ги промени плановите и да ги ограничи цените на гасот и струјата – изјави претседателката на Домот на пратеници на чешкиот парламент, Маркета Пекарова Адамова, за британски Тајмс.

Таа тврди дека „руската пропаганда силно се турка на протестите.

Имаат сојузници во опозицијата и меѓу организаторите на протестите. Русија активно работи на предизвикување граѓански немири и поткопување на чешката демократија – рече таа.

Русија сака да го уништи својот непријател – нас, НАТО и западната заедница. Путин ќе ги искористи сите можни средства – изјави Михал Куделка, директор на чешката контраразузнавачка служба БИС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он