Во бунт во затвор во Венецуела убиени 40 луѓе

Од:

Во немирите што избувнаа во затвор во централна Венецуела, загинаа најмалку 40 лица, а повредени се 50, меѓу кои и членови на Националната гарда и управникот, соопштија властите.

Немирите започнаа со протест на затворениците кои бараа на членови на нивните семејства да им се дозволи да им носат храна, а потоа избувнаа вооружени судири меѓу затворениците и чуварите, изјави за АП пратеничката Марија Беатрис Мартинес.

Еден член на Националната гарда е повреден во експлозијата на граната, додаде Мартинес, која имаше увид во извештајот за немирите во градскиот затвор Гуанаре на околу 450 километри од Каракас, подготвен од локалните безбедносни сили.

Министерката за затворски служби, Ирис Варела потврди дека имало немири, а во изјавата за весникот „Ултимас Нотисиас“, рече дека група затвореници нападнале чувари кои биле на стража пред затворот.

Таа рече дека управникот се здобил со убодна рана од нож на затвореник.

Според наводите на опсерваторијата за затвори во Венецуела, група за заштита на човековите права на затворениците, затворот во Гуанаре е изграден за да прими 750 затвореници, но неговиот капацитет е надминат бидејќи во него се сместени околу 2.500 лица.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски