Во бродолом крај либискиот брег починаа најмалку 40 лица

Од:

Најмалку 40 лица починаа во последниот бродолом крај либискиот брег на пловен објект што превезувал мигранти кон Европа, додека е можно 60-тина лица да се спасени, соопшти денеска портпаролот на Агенцијата на ОН за бегалци Чарли Јахлеј.

„До нас доаѓа ужасна вест за огромна загуба на животи во бродоломот крај либискиот брег“, пиша Јахлеј на Твитер , додавајќи дека засега има малку детали за несреќата.

„Шеесетина лица се спасени и вратени на брегот. Проценките се дека најмалку 40 лица погинале или исчезнале“, додаде Јахлеј во твитот.

Старите и трошни пловила, наполнети со мигранти кои се обидуваат да дојдат до Европа редовно имаат несреќи крај либискиот брег. Минатата недела повеќе од 100 лица погинаа во бродоломот, додека минатиот месец се преврте брод со 250 лица.

Изминатите години илјадници лица го загубија животот во Медитеранот од стотиците илјади кои се обидуваат да минат од Северна Африка во Европа, иако ОН наведуваат дека бројката на тие што сакаат да тргнуваат на ваков ризичен пат е се помала, пренесуват британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски