Британската полиција приведе 57 осомничени во акција што трае една недела против кибер-криминалци. Апсењата се извршени во 25 полициски операции во државата.
Делата се – кражба на податоци од мрежа на власта или приватни компании до он-лајн измами, напади за блокирање сајтови и изработка на компјутерски вируси и друг штетен софтвер.
Меѓу приведените е 21-годишен маж обвинет дека се приклучил на хакерска група која украла околу 400.000 адреси и лозинки од Јаху во 2012 година.