„Њујорк тајмс“: Хакери ја следат комуникациската мрежа на ЕУ

Од:

Хакери со години успешно вршат упади во комуникациската мрежа на Европската унија и пресретнуваат илјадници дипломатски пораки, тврди „Њујорк Тајмс“.

Според весникот, хакерите, меѓу останатото, дошле и до пораки во кои се искажува загриженоста на европските лидери поради непредвидливоста на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и се говори за напорите за постигнување договори на ЕУ со Русија и Кина и за ризиците од преиспитувањето на нуклеарниот договор со Иран.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека фирмата за кибер безбедност „Ареа 1“ му доставила листа на повеќе од 1.100 дипломатски пораки до кои имале пристап хакерите.

Според весникот, техниката која ја користеле хакерите при упадот во мрежата на ЕУ, наликува на онаа што со години ја користи кинеската армија.

Во еден од хакираните документи европски допломати посочуваат дека состанокот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин оддржан во Финска, бил „успешен барем за Путин“. Во друг документ, детално се пренесени разговорите на европските лидери со кинескиот претседател Си Џинпинг, при што тој наводно изјавил дека „малтретирањето на Пекинг од страна на Трамп, наликува на боксерски меч во слободен стил во кој се е дозволено“.

Според „Њујорк Тајмс“, хакерите, исто така, упаѓале и во комуникациските мрежи на Обединетите Нации, на влијателниот американски синдикат АФЛ-ЦИО и на министерствата за надворешни работи и финансии на повеќе држави од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески