Во Британија супермаркетите очекуваат полициско обезбедување

Од:

Британските супермаркети очекуваат да ги обезбедува полицијата, со цел да ги одвратат потрошувачите од непристојно однесување, доколку дојде до ситуација Лондон да биде во карантин поради ширењето на новиот вирус – Ковид 19.

Големите супермаркети како „Теско“, „Сенсбури“, „Асда“ и „Морисонс“, како и бртанскиот премиер Борис Џонсон, ги повикаа потрошувачите да не паничат.

Сепак, некои купувачи продолжија да купуваат неконтролирано, со што дојде до недостиг на храна во продавниците.

Во некои продавници утринава имало тепачки и караници при набавка на производи како тоалетна хартија, вода и конзерви со храна.

Портпаролот на Националната полиција соопшти дека засега не е донесена одлука за обезбедување на супермаркетите, но дека се подготвуваат за сите сценарија.

– Не очекуваме недостиг на храна или кражби. Всушност, искуството од другите земји ни укажува дека тоа најверојатно нема да биде проблем. Не можеме да кажеме дека нема да дојде до некои изолирани инциденти на кои ќе мора да одговориме, рече портпаролот.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца