Во Брисел живеат околу 10.000 Роми од Бугарија, Романија и Словачка

Од:

Во Брисел се доселиле околу 10.000 Роми, кои главно се дојдени од Бугарија, Романија, Словачка и од земјите од поранешна Југославија, се посочува во истражувањето за ромската заедница во Белгија, што денеска беше претставено од локалните медиуми.

Во истражувањето се забележува дека словачките Роми се во најнезавидна состојба и тие најчесто се занимаваат со питачење и проституција. Се прецизира дека во нивната матична земја односот кон ова малцинство е премногу лошо, така што тие што се пристигнати во Белгија имаат чувството дека нема што да загубат.

Според истражувањето, и покрај обичаите и однесувањето, дури 95 отсто од Ромите се постојано стационирани во Белгија, односно немаат намера животот да го минат во постојано движење.

Историјата покажува дека првите Роми во Белгија пристигнале уште во 15-ти век, а дека нивниот број е особено нараснат по проширувањето на ЕУ во 2007 година.

Истражувањето покажа дека целосното отворање на пазарот на трудот во ЕУ за граѓаните од Бугарија и Романија, од почетокот на оваа година, не намами нови бранови Роми кон Белгија, бидејќи тие се слабо образовани и не се прифатливи за слободните работни места. Во него се дополнува дека новите поколенија Роми се обидуваат да ја сменаттрадицијата на ова малцинство, па првенствено се образуваат или описменуваат. Оние Роми во Белгија кои успеале да најдат работа, тоа најчесто го прават во градежништвото и домашните услуги, покажуваат податоците од истражувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети