Во Брисел приведени околу 300 демонстранти од „Бунт против истребување“

Од:

Во Брисел вчера беа уапсени меѓу 250 и 300 активисти на движењето „Екстинш ребелион“ (Бунт против истребување), откако полицијата не успеа да ги растера со помош на водени топови и бибер-спреј.

Активистите организираа протест како дел од кампањата Светска недела на граѓанска непослушност, со која повикуваат на акција против климатските промени. Тие се собраа пред Кралската палата, во центарот на градот, блокирајќи го сообраќајот.

Во Амстердам, полицијата уапси 130 активисти на движењето поради тоа што со часови го блокирале мостот во центарот на градот. Тие набрзо беа ослободени, но ќе мора да платат казна од по 380 евра, затоа што не им било дозволено да го затворат мостот, јавува холандската ТВ НОС.

Поддржувачи на движењето беа уапсени и во Лондон, а британската полиција соопшти дека 28 активисти биле уапсени затоа што се обиделе да го блокираат влезот во рибарницата Билингсгејт во источен Лондон.

Лондонската полиција соопшти дека од минатиот понеделник уапсила 1.307 припадници на Движењето.

Британски „Скај њуз“ пренесува дека меѓу уапсените е и белгиската принцеза Есмералда, која живее и работи во Лондон како новинар и режисер на документарци. Таа ја објави веста за нејзиното апсење на Твитер, во која наведе дека е ослободена, но сè уште е под истрага.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција