Во Бразил се удави француски дизајнер познат како „Кралот на кашмирот“

Од:

Францускиот дизајнер Лусијан Пела-Фајн (78) почина откако се удави на плажа во североисточната бразилска држава Баија во понеделникот, потврди неговото семејство!

Пела-Фајн, познат како „Кралот на кашмирот“, беше домаќин на семејна скара во неговиот дом во Транкоз, туристичка област во градот Порто Сегуро, а потоа отиде да плива на плажата Итакуера.

Двајца тинејџери сурфале и го виделе како се бори да остане на површината и се обиделе да го спасат со даските за сурфање пред да се удави.

Телото на Французинот беше пронајдено неколку часа подоцна во близина на област популарна кај сурферите.

„Со голема тага ве известувам за несреќната смрт на Лусијан Пел-Фајне, попладнево во Транкоз“, изјави неговата внука Камил Дочез.

Би можело да ве интересира

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

Странски турист се удави попладнево во Охридското Езеро

Во вештачкото езеро Глажња пронајдено телото на 29-годишниот локален жител

Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња

(ВИДЕО) Дете се дави во преполн базен, спасувачот скока и го спаси девојчето

Жена од Ресен се удави во водите на Охридското Езеро

Горан Наумовски