Во Либија денеска загинаа 18 борци на Владата на национално единство, која е поддржана од ОН, а 120 се ранети во судирите со припадниците на Исламска држава во градот Сирт, соопштија медицински извори, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Полската болница, која припаѓа на силите што ја поддржуваат Владата на национално единство, ги наведе имињата на 18 војници кои загинаа во приморскиот град Сирт.
Владините сили спроведуваат повеќемесечна кампања со цел да го ослободат градот од џихадистите, кои го држат градот под окупација од јуни 2015 година.