Во Богота прекинати мировни преговори

Од:

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ги суспендира мировните преговори со Револуционерни вооружени сили на Колумбија во Хавана, по грабнувањето на воениот генерал, со што се доведени во прашање напорите за крај на 50 годишната војна.

– Преговарачите треба да патуваат на втора рунда разговори во Хавана. Ќе им речам да не одат, бидејќи разговорите се суспендирани, се додека овие луѓе не бидат ослободени – рече Сантос.

Како што пренесе „Ројтерс“ тој додал дека Богота ќе биде внимателна во наредните 24 часа, до расплет на овој инцидент. Генералот Рубен Дариј Алсате, кој што е командант на новофоримираните специјални сили Титан, вчера беше грабнат од припадници на ФАРЦ, заедно со уште еден воен службеник и цивил.

Како што потврди колумбискиот министер за одбрана Хуан Карлос Пинсон, Алсате бил грабнат по излегување од брод на река во близина на градот Куибдо. Инаку ФАРЦ не го коментира грабнувањето.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски